Албанската полиција заплени арсенал оружје, муниција, оклопни возила

Додаде дека акцијата која била спроведена во повеќе делови на земјата, уапсени се три лица додека по едно ќе биде распишана потерница, бидејќи според информациите пред една недела ја напуштил Албанија.

Во голема полициска операција, во која била вклучена и специјалната единица „Ренеа” и единицата за брза интервенција, албанската полиција запленила арсенал оружје, муниција дури и оклопни возила.

-Финализирана е акцијата „Комплекс” во која откриени и погодени се 18 криминални бази што биле користени за модификација, складирање и продавање на борбено оружје и муниција. Запленет е арсенал од разни видови оружје, снајпери последно производство, анти-тенковски гранати, калашникови, пиштоли, придушувачи, полициски и армиски радија, термичка оптика за снајперисти, разни делови за модификација на оружје и голема количини на муниција, 7 возила, од кои 2 оклопни, рече директорот на полицијата во Тирана, Ребани Јаупи.

Додаде дека акцијата која била спроведена во повеќе делови на земјата, уапсени се три лица додека по едно ќе биде распишана потерница, бидејќи според информациите пред една недела ја напуштил Албанија.

Овие заедно со уште две други претходно уапсени лица, се осомничени дека се извршители на повеќе обиди за убиства со поставување експлозив со далечинско управување на возила, како и експлозив на објекти.

Кај еден од уапсените пронајдени се и астали за рулет, нови машини за игра на среќа, додека кај друг и средства и материјал за изработка на придушувачи.

-Државната полиција е одлучна во напорите да создаде што побезбедна средина со спречување и сериозен удар врз сите оние кои се обидуваат да извршат криминални активности од областа напади врз граѓани и имот, од областа на наркотици или илегална трговија со луѓе, и во овој контекст ги повикува граѓаните да ја продолжиме одличната соработка осудувајќи го секој случај на незаконитост во полициските станици или на бесплатниот број 112, рече Јаупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот