Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | Актуелната Мис Универзум колабираше на фестивал во Еквадор

Актуелната Мис Универзум 2025, Фатима Бош, ги вознемири присутните кога ненадејно клекна додека се возеше на парадна платформа за време на Фестивалот на овошјето и цвеќето во Амбато, Еквадор, пренесе „Пипл“.

Настанот се случил во неделата, на 15 февруари, кога Бош, облечена во светлозелена свечена тоалета, стоела и им мавтала на присутните од платформа украсена со цветни аранжмани.

На видеоснимките што се проширија на социјалните мрежи се гледа како таа се обидува да се придржи за оградата зад себе, по што се спушта на колена. Од публиката се слушаат извици и воздишки, а една жена веднаш се искачува на платформата за да ѝ помогне. Според очевидци, Бош останала свесна и комуницирала со лицето што ѝ притекло на помош.

Од организацијата Мис Универзум соопштија дека станува збор за „кратка епизода на вртоглавица по неколкучасовно учество на отворено“ во рамки на фестивалската парада.

„Од претпазливост, веднаш ѝ беше укажана помош од нејзиниот тим и од локалниот медицински персонал. Таа остана свесна, беше веднаш прегледана и брзо закрепна. Нејзиниот распоред беше прилагоден за да ѝ се овозможи соодветен одмор и хидратација. Се чувствува добро и изрази искрена благодарност за топлиот прием во Еквадор“, се наведува во официјалната изјава.

Од организацијата дополнително истакнаа дека здравјето и безбедноста на носителките на титулата се нивен врвен приоритет, особено за време на меѓународната турнеја што Бош моментално ја реализира. Турнејата опфаќа културни, хуманитарни и општествени активности во повеќе земји.

 

Да потстиме, Фатима Бош го претставуваше Мексико на изборот за Мис Универзум минатата година и беше крунисана на 21 ноември 2025 година во Тајланд, по тринеделна програма со бројни настани и јавни појавувања.

Нејзиното учество тогаш привлече значително внимание по јавен конфликт со еден од извршните директори на натпреварот, кој ја обвини дека одбила да учествува во фотографирање наменето за промоција на земјата домаќин. Бош ги негираше обвинувањата, а дел од натпреварувачките ја напуштија просторијата во знак на солидарност со неа.

По победата, во интервјуа за американски медиуми, таа нагласи дека никогаш не размислувала да се откаже од титулата.

„Никогаш нема да се откажам од оваа круна. Не сум тука поради слава или моделирање. Имам мисија – да служам и да помагам“, изјави таа.

По инцидентот во Амбато, организаторите уверуваат дека нејзината здравствена состојба е стабилна и дека станува збор за привремена слабост без посериозни последици.

Мис Универзум конечно се отвори: „Јас не ја купив круната, а татко ми нема никаква врска со организацијата!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот