Актерката на најпопуларната серија ги објави фотографиите од венчавката (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Актерскиот пар Софи Тарнер и Џо Џонас објавија на Инстаграм фотографии од нивната втора  венчавка која се одржа во Франција.

Актерката од една од најпопуларните серии „Game of Thrones“ Софи Тарнер и нејзиниот сопруг Џо Џонас, актер и музичар, објавија заеднички фотографиии од венчавката на кои се гледа како насмеаниот пар влегува на церемонијата, додека присутните им аплаудираат.

Актерката за венчавката одбрала долга бела венчаница со длабоко деколте и чипкаст вел.

„Господин и госпоѓа Џонс“, пишува во описот на фотографијата на која парот се држи за раце.

View this post on Instagram

Mr and Mrs Jonas Photo by @corbingurkin

A post shared by Sophie Turner (@sophiet) on

Креативниот директор на Луј Витон за женската линија на облека Николас Гесквиер исто така објави фотографија од прекрасниот фустан со долги ракави.

„Апсолутна убавина“, напиша тој.

View this post on Instagram

Absolute beauty @sophiet

A post shared by @ nicolasghesquiere on

Втората свадбена прослава беше одржана на „Chateau de Martinay” во Карпентрас, во Франција.

Меѓу гостите беше и братот на Џонсон, Ник Џонас.

Инаку, Софи Тарнер и Џо Џонас се венчаа во Лас Вегас во мај оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот