Актерката Бела Торн се извини на сексуалните работнички кои ги навреди со својот нов потег!

Бела Торн се извини на Твитер за контроверзноста што ја предизвика со отворањето сметка на страницата OnlyFans, каде фановите плаќаат за ексклузивни фотографии и видеа.

Поранешната ѕвезда на Дизни се приклучи на платформата минатата недела и заработи 1 милион долари за само еден ден. Но, таа се најде на мета на обвинувања по тврдењата на корисниците на Твитер кои напишаа дека наплаќа 200 долари за голи фотографии, но воопшто не е гола на нив.

После тоа, многумина, наводно, барале поврат на средства од актерката, но таа објаснила дека нема да има голотија на нејзината страница. Бидејќи „OnlyFans“ во меѓувреме воведе ограничувања на максималните суми што можат да се донираат, за што многумина ја обвинија Бела Торн.

Портпарол на OnlyFans за BuzzFeed изјави дека промените немаат никаква врска со ниту еден корисник на платформата, но многумина сè уште не се убедени. 22-годишната актерка потоа се извини на Твитер, каде напиша дека има добри намери.

Таа вели дека ја ризикувала својата кариера неколку пати за да ја отстрани стигмата зад сексуалната работа и порнографијата, а го спомна и филмот за возрасни што го напиша и режираше минатата година за PornHub.

„Јас сум мејнстрим лице и кога имате глас и платформа, се обидувате да го користите за да им помогнете на другите и да се залагате за нешто поголемо од вас самите. Јас ве повредив во тој процес и навистина ми е жал за тоа“, напиша таа во еден од твитовите.

View this post on Instagram

What % of my body are legs?

A post shared by BELLA (@bellathorne) on

Таа додала дека ќе разговара со OnlyFans за новите ограничувања, но и нејзиното извинување наиде на поделени реакции, иако многу девојки веќе ја контактираа за унапредувањето што им го ветила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот