Ако ви е здосадено од шопска салата: Панзанела ќе ги разбуди вашите сетила

Фото: Инстаграм

Оваа италијанска салата е совршено уживање за летните денови. Може да ја послужите како предјадење, главен оброк ако ме мачат жештините, или како придружба на месо, риба или чаша вино.

Потребни состојки:

– 8 парчиња бајат леб, во рустикален стил, исечени на коцки
– 1 краставица исечкана на коцки
– 4 домати, зрели, тенко исечени (плус дополнително за сервирање)
– 1 црвен кромид, тенко исечен
– листови босилек, искинати на мали парчиња
– 100 мл екстра девствено маслиново масло
– 3 лажици вински оцет
– сол и бибер
– моцарела или бурата

Фото: Instagram

Начин на подготовка:

– Исечениот леб запечете го во тава на маслиново масло и оставете го да се излади. Изладен префрлете го во голема чинија за салата. Додадете ги краставицата, доматите, кромидот и босилекот.

– За да го направите преливот, изматете ги маслиновото масло и оцетот во помал сад и зачинете со сол и бибер.

– Прелијте ја салатата со преливот и измешајте ја темелно, а потоа ставете ја во фрижидер додека не сте подготвени за послужување.

– Префрлете ја салатата на поединечни чинии за сервирање, со некои дополнителни парчиња домати и листови босилек, по желба и врз неа ставете парченца моцарела или расечена бурата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот