Ако се разбудите со болка во стомакот, тоа укажува на неколку сериозни здравствени проблеми

Фото: Профимедиа

Будењето со стомачна болка не само што е непријатно, туку може да предизвика и вознемиреност.

Причината за вашата болка може да биде едноставна како потребата да одите во тоалет или да имате гасови, но исто така може да биде и знак за сериозни здравствени проблеми.

Гастроентерологот Роналд Омино истакнува зошто може да се разбудите со болки во стомакот ако ги исклучиме непријатните појави како што се празнење на цревата, гасовите или киселини во желудникот.

Имате ГЕРБ

Ако често се будите со киселини во желудникот, со кисел вкус во устата, остри болки во стомакот, може да имате гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) или хроничен рефлукс на киселина.

Настанува кога е спречен протокот на дигестивните сокови. Симптомите вклучуваат: киселини и печење во градите или горниот дел на стомакот, чувство дека храна, течност или друга содржина од желудникот се враќа во устата или грлото и отежнато голтање.

Имате запек

Ако наутро се будите со стомачна болка или непријатност во стомакот, сетете се кога последен пат сте имале редовна нужда, бидејќи постои голема веројатност да имате запек.

Симптомите кои се појавуваат кај запекот (опстипацијата) се: помалку од три празнења неделно, столица која е тврда, сува или со неправилна форма, столица која тешко или болно поминува, како и чувство дека не поминала сета столица.

Имате чир на желудникот

Чир на желудникот може да се манифестира како акутна или хронична болка во стомакот, главно во горниот дел. Болката може да се појави неколку часа по јадење кога телото произведува повеќе киселина или на празен стомак, што доведува до болка наутро.

Причините кои најчесто доведуваат до чир на желудникот се: прекумерна употреба на нестероидни антиинфламаторни лекови и инфекција со бактеријата Helicobacter pylori.

Ако не се лекува, може да доведе до крварење од горниот дел на гастроинтестиналниот тракт. Веднаш контактирајте со вашиот лекар ако видите крв во столицата или црна столица.

Имате ИБС

Ако често се будите со гадење и ненадеен нагон за празнење на цревата, можеби имате синдром на нервозно (иритабилно) црево (ИБС).

Тоа е функционално гастроинтестинално нарушување, што значи дека е поврзано со проблеми помеѓу цревата и мозокот. Тоа предизвикува чувствителност на цревата што го менува начинот на контракција на мускулите на цревата.

Симптомите може да вклучуваат болка во стомакот и надуеност, како и промени во движењата на цревата, вклучувајќи дијареја (пролив) или запек.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот