Акционерите ќе гласаат за „судбината“ на Луфтханза

Европската комисија ги одобри и плановите на Германија за шест милијарди евра придонес во пакетот за спасување на „Луфтханза”.

Менаџментот на германската авиокомпанија „Луфтханза” денеска на генералното собрание на компанијата ќе побара поддршка за акционерите за договорот за пакетот за спасување вреден девет милијарди евра, во кој Владиниот фонд за стабилизација ќе учествува со 20 проценти.

Авиокомпанијата, која е сопственик и на други авиокомпании, е на пат да го изгласа договорот, откако најголемиот акционер Хајнц-Херман Тиле за дневниот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг најави дека ќе гласа за него.

Тиле минатата недела ја присили компанијата да ги предупреди акционерите дека пакетот може да биде во опасност и ги замоли да го искористат своето право на глас.

Неколку часа пред собранието, Луфтханза и синдикатот на УФО, кој го претставува кабинскиот екипаж, објавија дека постигнале договор со кој ќе и се овозможи на компанијата да заштеди повеќе од 500 милиони евра до крајот на 2023 година.

Синдикатите исто така додадоа дека договорот вклучува четири години заштита на кабинскиот екипаж од отпуштање од работа.

Во меѓувреме, Европската комисија ги одобри и плановите на Германија за шест милијарди евра придонес во пакетот за спасување на „Луфтханза”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот