Академик Георги Старделов ја доби Светската награда за хуманизам 2020

ФОТО: МИА

На свеченоста беше прочитана и пораката како и поемата што за годинешниот лауреат ја напиша и испрати Жан-Патрик Конрад, професор на „Ројал колеџ“ од Лондон и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.

Во предвечерието на големиот христијански празник Богојавление вечерва во Охрид врачена годинешната 14-та по ред Светска награда за хуманизам, за прв пат на македонски лауреат, академик проф. Георги Старделов.

На пригодната свеченост во Куќата на Уранија пред присутните за годинешниот добитник беседа одржа претседателот на Комисијата за доделување на наградата, амбасадор Јордан Плевнеш. То истакна дека преку Светската награда на хуманизмот секој 18 јануари наспроти Богојавление се пренесува идејата за првата Школа на хуманизмот во Средновековна Европа, создадена од Свети Климент и Свети Наум учениците на светите Кирил и Методиј, прогласени за заштитници на Европа 11 века после нивната смрт.

– Академик Старделов станува првиот добитник на Светската награда за хуманизам од Македонија, како автор кој припаѓа на врвот на светската цивилизација, оттаму што кога тој ќе ја изговори парадигмата „Велт шмерц“, и македонскиот станува дел од светскиот бол. Кога Вие ќе изговорите светска филозофија, Македонија ја добива со Вас потпорната Архимедова точка, кога ќе речете светска историја го одредувате местото на Македонија…Вашата трајна база се светите Климент и Наум, Света Софија, климентовиот и наумовиот манастир, Курбиново, Бгомилите, народното творештво со сите негов форми и се она што го создал македонскиот творечки дух, рече меѓу другото амбасадорот Плевнеш.

Наградата на лауреатот му ја врачи градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, кој рече дека на вечерта кога сме најблиску до Бога, Охрид со чиста љубов и мисла се поклонува пред делото на академик Старделов, кој со своите величенствени троречки достигнувања успеа да ја извиши оваа земја Македонија до највисоките културни меридијани.

– Старделов е автор со импозантен опус дела од доменот на филозофијата, естетиката и критичката мисла, објавени на многу јазици на сите пет континенти, рече тој заблагодарувајќи се на Академијата на хуманизмот што преку организирањето на оваа величенствена манифестација се активира генетскиот код и колективната меморија на првата Средновековна Школа на хуманизмот на Светите Кирил и Методиј.

Лауреатот Старделов своето обраќање пред присустните посочи на предизвикот со кој се соочува човекот во денешницата, дека по Хирошима се одвива големата ако не и најголемата глобална криза, што ги загрозува сите облици на животот како таков.

– Веќе нема на земјата такво забрането овошје и зелена фиданка која човекот на се обидел да ја скине или оскврнави. Со тоа стана јасно дека се е од и до човекот. Затоа и решението треба да се бара во надминувањето на стариот, излетениот дури и лицемерен хуманизм, со еден нов охридски, со еден животворен природен хуманизам кој ќе го надвладее времето на изгубената човекова блискост со природата и луѓето, време во кое ќе може да се дојде до неминовно освествување на човекот, својот опстој на планетата Земја да го здружи со природата во едно неразлачно единство и со нова надеж љубов и взаемна искрена почит, рече Старделов.

На свеченоста беше прочитана и пораката како и поемата што за годинешниот лауреат ја напиша и испрати Жан-Патрик Конрад, професор на „Ројал колеџ“ од Лондон и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.

Во рамки на годинешните чествувања на хуманизмот, со посебно признание ќе му биде оддадена почит на неодамна починатиот бугарски академик Светлин Русев, добитник на Светската награда за хуманизам во 2014 година, автор на спомен обележјето „Охрид – Центар на светскиот хуманизам“ што ќе биде свечено поставено на плоштадот „Долна Порта“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот