фото: принтскрин/Фејсбук

Агитираат во изборен молк: Иселеници од Швајцарија доаѓаат да гласаат во Струга

На социјалните мрежи се споделува видео од авион полн иселеници во Швајцарија кои покажуваат број на една политичка партија, а во објавата на Фејсбук се повикува да се гласа за еден од кандидатите за градоначалници на Струга.

„Време е Струга да ја водат луѓе кои размислуваат за градот, а не за личните интереси. Се враќаме да гласаме за вистинската промена“, изјавија некои од нив за време на нивното заминување од Швајцарија.

Поддршката од дијаспората се смета за силен сигнал за единство и верба во визијата за функционална, чиста и развиена Струга, каде што вредностите на работата и транспарентноста се во центарот на идната насока.

„Се очекува вториот круг да биде одлучувачки за иднината на Струга, додека дијаспората уште еднаш докажува дека љубовта кон татковината нема граници“, се наведува во објавата на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот