Агенцијата за филм и Милчо Манчевски под лупа на антикорупционерите

Билјана Ивановска ДКСК
Билјана Ивановска / Фото: МИА

Комисијата за спречување корупција чека извештај од Државниот завод за ревизија за да одлучи дали има основ за продолжување на постапката за утврдување на можни злоупотреби на средствата од Агенцијата за филм од страна на режисерот Милчо Манчевски, информираа од Комисијата по објавената сторија на ЦивилМедиа со наслов: „Банана продукција, Милкман Продакшн и Милчо Манчевски – гаранција за успех на филм или тезга за големи пари?“.

Комисијата уште пред неколку години го отворила предметот и утврдила дека за потрошените пари за снимање на некои филмови не биле доставени финансиски извештаи по што побарала кривично гонење за тогашниот директор, а на Заводот за ревизија му наложила да го преиспита работењето на Агенцијата.

– Се работи на извештајот и очекуваме наскоро тој да ни биде доставен. Бидејќи има нови пријави за наводни нерегуларности, ќе почекаме да видиме дали тие се вклучени во ревизијата, а потоа, ако има потреба повторно ќе го отвориме случајот – објасни претседателката на Комисијата Билјана Ивановска.

Инаку, ЦивилМедиа деновиве потсети дека пред повеќе од две години, Агенцијата за филм, преку соопштение „Како Милчо Манчевски извлекува милионски суми за проекти“ ги повикала институциите да ги истражат постапките и да се позанимаваат „со хонорарите на режисерот“, ставајќи ја на располагање на институциите целокупната документација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот