Фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Адвокатот на легендата на Баерн, Рибери, се огласи по поврзувањето на Французинот со педофилот Епстин: Тоа се лажни вести

Името на легенардниот фудбалер се појавува шест пати во објавените документи за Џефри Епстин од страна на американскиот правосуден систем, во контекст на извештаи за насилни инциденти и мрежа за проституција

Навивачите на Баерн Минхен беа во шок кога името на легендата на клубот Франк Рибери беше една од стотиците препознатливи личности пронајдени во озлогласените досиеја на Џефри Епстин.

Во оваа фаза, извештајот не се смета за обвинение или признание за какво било погрешно постапување од страна на оние наведени во досиејата. Што ќе се случи понатаму, останува да се види.

Сепак, Бруса Карло Алберто, адвокат на Рибери, се огласи по повод овој случај.

– Ова се лажни вести. Ќе преземам мерки во својство на адвокат на г-дин Рибери и ќе ги спроведам сите потребни законски постапки за да ги казнам одговорните за оваа лажна вест, што е напад врз достоинството на мојот клиент и на неговото семејство – рече Алберто.

Името на Рибери, поранешен француски репрезентативец, се споменува шест пати во документите објавени од американскиот правосуден систем во случајот Епстин. Споменувањето доаѓа од изјава што им се припишува на трети страни, но неговиот адвокат ги негира обвинувањата.

Поранешниот играч (42) има 81 настап за Франција. Референците за Рибери во споменатите документи се појавуваат во контекст на извештаи за насилни инциденти и мрежа за проституција.

Ова не е првпат Французинот да има слични проблеми. Во неповрзан настан во 2010 година, Рибери беше меѓу четворицата играчи (вклучувајќи го и неговиот колега од репрезентацијата, Карим Бензема) кои беа обвинети за проституција од страна на малолетна проститутка. Во 2014 година, француските судови ги отфрлија обвиненијата против Рибери и Бензема.

Скандалот „Епстин“ се шири: Германија стравува од уцени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот