Фехми Стафа / Фото: Канал 77 / архива

Адвокатот на Ѓаволот, Фехми Стафа, се спогоди за 50-те илјади евра и доби една година и три месеци затвор

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој сега работи како адвокат, ќе одлежи една година и три месеци затвор, откако ја признал вината за илјадниците евра спремни за поткуп на судија со кои беше уапсен и се спогодил со Обвинителството, потврдиле од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за телевиијата „Телма“.

Според информациите, доцна попладнево е склучена спогодба меѓу обвинителството и Стафа, по што тој признал вина за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. Со спогодбата е предвидена затворска казна од една година и три месеци, но таа треба да биде потврдена од надлежен суд.

Стафа беше уапсен во декември, откако го фатија со пари кои неговиот клиент Љупчо Пецов, со прекар Ѓаволот, му ги дал преку својата сестра, за со нив да поткупи судија од скопска Апелација, за Ѓаволот да биде ослободен од притвор. Според истрагата, освен 20 илјади евра што му биле пронајдени при апсењето, тој наводно барал и добил вкупно 50 илјади евра за да посредува и да влијае врз одлука на апелацискиот судија, за кој подоцна се откри дека е Ѓоко Ристов.

Неколку недели по апсењето на Стафа, истражителите во домот на родителите на судијата Ристов во Неготино пронајдоа 350.000 евра скриени позади плочка во ѕид во кујната. Ристов потоа беше разрешен и заврши во домашен притвор.

Истрагата во овој случај продолжува, информираат од ОЈО ГОКК. Неофицијално, дел од медиумите објавија дека Стафа ќе соработува со Обвинителството во откривањето и гонењето и на други случаи на корупција во правосудството.

Ѓаволот се шета низ Скопје и по болници, а МВР го бара со меѓународна потерница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот