Адвокатот Марин Гавриловски избран за најчитан колумнист на „Слободен печат“ за 2022 година

Фото Слободен печат

„Слободен печат“ во изминатиов период спроведе анкета меѓу своите читатели на тема кој е најчитан колумнист во изминатата 2022 година.

Во игра беа адвокатот Марин Гавриловски, професорот Мирослав Грчев, новинарот Бошко Јакшиќ, писателот Мендо Димовски, аналитичарот Благојче Атанасовски, новинарката Жанета Скерлев, професорот Методи Хаџи-Јанев и историчарот Александар Литовски.

За Гавриловски гласале 44,55 % од гласачите, а втора на листата беше Скерлев со 35,31 % од гласовите. 11,8 % од читателите на „Слободен печат“ гласаа за Атанасовски, 3,15 % за Хаџи-Јанев,3,7 % за Бошко Јакшиќ, 0.84 за Грчев, 0,57 % за Литовски, 0,08 % за Димовски.

Нова анкета секој понеделник на сајтот на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот