Есма Реџепова
Фото: Принтскрин/Јутјуб

Адвокатката на Есма Реџепова со шокантни детали: Бараат наследство, а сè уште не платиле за нејзиното лекување

Кралицата на ромската песна Есма Реџепова почина во 2016 година.

Пејачката што остави огромен белег како со својата песна, така и со својата хуманост во својот дом одгледа повеќе од 40 деца со својот сопруг Стево Теодосиевски.

Есма Реџепова, кралица на ромската музика: Нејзиниот сопруг беше 22 години постар од неа, посвоија дури 47 синови и една ќерка

Единствената желба на Реџепова била тој дом да биде дом на солидарноста, своевиден музеј кој би можел да прерасне во туристичка атракција. Но, за жал, куќата, поради бројните семејните недоразбирања и неодржување се распаѓа..

Деновиве во јавноста се појави уште една „дамка“ од животот на Есма.

ВИДЕО+ФОТО: Опустошена и ограбена е куќата на Есма која таа и ја остави во наследство на државата

Имено, адвокатката на семејството Реџепови и Теодосиевски, Весна Тренкоска за „Бекстејџ“ откри шокантни детали за тестаментот на Есма и нејзиното наследство, но и дека цели пет години по нејзината смрт останал неподмирен долг за лекувањето на Есма кон болницата „Аџибадем Систина“.

Како што открила адвокатката зад камерите, станува збор за вртоглави 873.000 денари долг кој досега никој не го платил…

Целото интервју можете да го видите овде:

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот