Есма Реџепова, кралица на ромската музика: Нејзиниот сопруг беше 22 години постар од неа, посвоија дури 47 синови и една ќерка

Instagram

Есма Реџепова објавила околу 580 песни меѓу кои имала две платинести и осум златни плочи. Одржила над 8.000 концерти во над 30 различни земји во светот. Настапувала во бројни угледни оперски куќи. 

Покојната кралица на ромската музика, чија кариера беше исполнета со евергрини, Есма Реџепова, го најде своето место под сонцето, беше исклучително хумана жена и ромска икона.

Есма
Profimedia

Родена е на 8 август 1943 година во Скопје, во семејство со шест деца. Се живеело тешко, но родителите успеале да ги школуваат своите деца. Деветгодишната Есма заедно со брат ѝ била член на фолклорното друшто, каде што имала прилика да научи да пее и да игра на комплицирани музички ритми.

Instagram

– Моето детство беше многу тешко, но го искористив тоа како големо училиште. Всушност, потешката страна од животот ја почувствував во детството. Додека многумина растеа безгрижно, јас работев различни работи, носев млеко, чистев станови, го чував кучето на еден славен доктор од Скопје, а заработените пари ги трошев економично. Го сакав киното, со заштедата ги плаќав билетите. Се борев со предрасудите, секогаш морав некому да се докажувам, но се исплатеше, благодарна сум на Бога – рекла кралицата на ромската музика своевремено во едно интервју.

Инстаграм

Ѝ пречеле предрасудите на кои наишла уште во училиште.

– Кога луѓето во семејството се сакаат, сиромаштијата не е тешка. Мене најтешко ми беше кога појдов во прво одделение и кога ме нарекуваа Циганка. Никој не сакаше со мене да седи во клупа. Тогаш првпат сфатив дека сум поинаква од останатите деца – се присетуваше Есма.

Со музика почнала да се занимава кога имала 10 години и кога почнала да пее.

Со дозвола на родителите, Есма со Стево Теодосиевски одела на турнеи. Така почнала нејзината голема кариера.

Иако бил 22 години постар од неа, на крај се венчале. Немале свои деца, но посвоиле 47 момчиња и едно девојче. Двапати биле номинирани за Нобелова награда.

Есма и Стево
Профимедиа

– Не ми е жал што не ја добив. Ако некои мислат дека треба да ја добијам, тогаш е во ред, ако не, никому ништо. Колку што знам, за Нобелова награда може да се конкурира седумпати, ако ми е судено да ја добијам, тоа сигурно ќе се случи. Верувам во Бог и ако е нешто предодредено, така и ќе биде. Ако не е, напразен е целиот труд – рече во една прилика Есма.

Инстаграм

Есма заедно со Ансамблот „Теодосиевски“ својата прва грамофонска плоча ја снимила во 1961 година, во студиото на Југотон, кое сега се вика Croatia Records. На тој албум била и песната „Чаје шукарије“, која Есма сама ја напишала.

Таа песна на ромски јазик во времето на поранешна Југославија постигна многу големи резултати и успеси, а денес речиси не постои човек во Европа или на Балканот кој не слушнал за таа песна.

Голем дел од нејзините песни беа традиционални ромски песни, инспирани од ромската музика и македонската песна. Нивната заедничка работа резултираше со успех на подрачјето на цела Југославија, а за нив се интересираа и разни локални ромски заедници.

Инстаграм

Стево и Есма имале чест да ја посетат Индија трипати. Во 1976 година, Индија ја посетиле по вторпат и тоа им било многу важно, зашто тогаш во Индија се случувал првиот важен музички фестивал на Ромите, а се одржувал во градот Чандигар. Таму ја добиле титулата „крал и кралица на ромската музика“.

Нивното последно патување во Индија било во 1983 година, кога Есма имала прилика да пее пред претседателката на Владата на Индија – Индира Ганди, со која до смртта останала во контакт. Пеела и пред Јосип Броз Тито и други познати личности.

Околу Есма и Стево со текот на времето се создаде круг на ромски музичари меѓу кои најпознати беа Мухарем Сербезовски и Уснија Реџепова.

Оваа „кралица на ромската музика“ настапуваше низ цел свет, ги посети Индија, Австралија, Мексико, Канада и Советскиот Сојуз. Беше прва уметница од Југославија која настапила во познатата концертна сала Олимпија во Париз во 1962 година.

Настапила и во театарот во Москва во 2000 година, каде што е прогласена за ромска пејачка на векот. Имала прилика да настапи и во театарот „Роначер“ во Виена, во оперите во Франкфурт и Келн, како и на Сиднејското културно лето пред повеќе од 300.000 луѓе на отворен простор, во 2010 година.

Ја претсавуваше и Македоновија на Евровизија во 2013 година.

Освен што пееше на ромски, Есма пееше на повеќе од 10 различни јазици, а нејзината кариера траеше речиси 60 години, со над 22.000 настапи.

Објави повеќе од 580 песни меѓу кои имаше и две платинести и осум златни плочи. Одржа повеќе од 8.000 концерти во над 30 различни земји.

Почина по тешко боледување на 11 декември 2016 година, а погребана е на гробиштата Бутел во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот