Адвокат Стојановски: Имало народ или не во клубот „Иван Михајлов“, Алабаковски ќе одговара кривично

Колаж: Слободен печат

Адвокатите кои ги контактираше „Слободен печат“ во врска со евентуалната кривична одговорност на пејачот Ламбе Алабаковски кој денеска од МВР е осомничен за потпалувањето на битолскиот центар „Иван Михајлов“ се категорични дека музичарот ќе одговара кривично, без разлика дали во објектот имало народ или не.

Против пејачот Ламбе Алабаковски е поднесена кривична пријава по член 288 став 1 од кривичниот законик.

Станува збор за кривично дело предизвикување општа опасност за кое е предвидена затворска казна.

„Тој којшто со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејство или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години, стои во став 1 од членот 288 од Кривичниот законик“.

Познатиот скопски адвокат Никола Стојановски вели дека кривичното дело 288, став 1 е јасно прецизирано и не остава простор за правен маневар.

– Кривичното дело по кое го гони МВР многу јасно ја дефинира евентуалната кривична одговорност на пејачот. Не може да се брани осомничениот со евентуален изговор дека во објектот немало луѓе па ја потпалил вратата. Делото вели дека тој со својата постапка сторил загрозување на животот и телото на луѓето со само тоа што потпалил влезна врата од објект. Среќна околност за жителите на околните објекти е што пожарот бил навреме забележан и локализиран бидејќи во спротивно тој ќе се проширел – вели Стојановски.

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави детали за случајот со апсењето на пејачот Ламбе Алабаковски, уапсен за потпалувањето на пожарот во клубот „Иван Михаилов“ во Битола. Министерот остана доследен да не го именува сторителот туку ги користеше само неговите иницијали Л.А.

– МВР во Битола имаше опсежни активност, се преземаа многу криминалистички активности во овој дел, беа извршени многу службени разговори. Се прегледаа многу материјал од материјал од видео надзорот не само од објектот туку на повеќе објекти и на основа на сите податоци и информации дојдовме до сторителот на ова кривично дело – рече Спасовски во изјавата пред полициската станица во Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот