Прво, второ и трето место на Red Bull Педалинка во Охрид, 24.08.2024 _ © Александар Чески

Адреналин, тимски дух и креативност на првото издание на Red Bull Педалинка во светот!

На 24 август, на старото пристаниште во Охрид, се одржа првиот Red Bull Педалинка натпревар во светот!

3,2,1 старт! на Red Bull Педалинка во Охрид, 24.08.2024 _ © Александар Чески

Оваа уникатна трка со педалинки, во склоп на Оhrid Water Festival, привлече тимови од цела Македонија, спојувајќи ги спортот, креативноста и тимскиот дух на едно место.

Подготовки за трка на Red Bull Педалинка во Охрид, 24.08.2024 _ © Марко Марјановиќ

Натпреварот беше поделен на неколку елиминациски рунди, каде што тимови од четворица, маскирани и подготвени за акција, се натпреваруваа и се соочија со различни забавни предизвици кои бараа брзи реакции, исклучителна тимска работа и секако, стратегија од почеток до крај.

Победа на Red Bull Педалинка во Охрид, 24.08.2024 _ © Марко Марјановиќ

Тимот „Богови на промајата“ доминираше на Охридското езеро со својата одлична тактика, тимска синхронизација и упорност, освојувајќи го првото место и главната награда на Red Bull Педалинка.

Победниците на Red Bull Педалинка во Охрид, 24.08.2024 _ © Александар Чески
Победничкиот тим _Богови на промајата_ на Red Bull Педалинка во Охрид, 24.08.2024 _ © Александар Чески
Прво, второ и трето место на Red Bull Педалинка во Охрид, 24.08.2024 _ © Александар Чески

Покрај наградите за прво, второ и трето место, тимот „Winx“ со својата уникатна и креативна тимска маска, ги освои гласовите на стручното жири и ја освои наградата за најкреативна тимска маска.

Најкреативна маска на Red Bull Педалинка во Охрид, 24.08.2024 _ © Александар Чески

На премиерното издание на Red Bull Педалинка, тимовите ги покажаа нивните најдобри вештини, нивната исклучителна креативност и тимска координација, а публиката со своето бодрење придонесе за создавање на една фантастична атмосфера, исполнета со позитивна енергија.

Фокус на Red Bull Педалинка во Охрид, 24.08.2024 _ © Марко Марјановиќ
Промена на улогите во означената зона на Red Bull Педалинка во Охрид, 24.08.2024 _ © Марко Марјановиќ
Успешно до финишот на Red Bull Педалинка во Охрид, 24.08.2024 _ © Александар Чески

За крај, веќе може да ги спремате тимските маски за Red Bull Педалинка 2025!

За повеќе информации следете ја официјалната страна на Red Bull Македонија и нивниот Instagram профил.

Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот