„Адора“ откри детал од договорот што ЕСМ не го спомена: „Топланите ги даваме под закуп откако државата даде гаранции дека ќе ги купи“

„Адора инженеринг" по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи топланите „Исток" и „Запад" и најголемиот дел од останатиот имот на „Топлификација" АД/ Фото: МИА

„„Адора Инженеринг“ доби цврсти гаранции дека АД ЕСМ ќе ги купи топланите Исток и Запад и ќе го плати долгот кон компанијата настанат изминатата година по основ на закуп и амортизација“, соопшти попладнево компанијата на Ванчо Чифлиганец, откако претходно државната „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) објави дека е постигнат договор со Чифлиганец и дека државата зимава ќе ги земе топланите во Скопје под закуп од приватната компанија, за да обезбеди парно греење во главниот град.

ЕСМ во своето кусо соопштение за постигнатиот догвоор не го спомна деталот со понудените гаранции за државно преземање на топланите. Лани во септември, „Адора“ ги купи скопските топлани на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра од презадолжената компанија БЕГ, која во меѓувреме ја загуби лиценцата за снабдување со топлинска енергија, што предизвика празнина во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје.

Владата ја овласти државната компанија за производство на струја, ЕСМ, да преговара за начините на кои би можело да се обезбеди непречено парно греење во Скопје зимава. ЕСМ и „Адора“ преговараа неколку недели, а за време на преговорите, приватната компанија соопшти дека не ѝ одговара да ги издаде топланите под закуп (бидејќи така ќе загубела многу пари зимава) и инсистираше да ѝ ги продаде топланите „Исток“ и „Запад“ на државата „по иста цена по која ги купила“. Акционери во поранешна „Топлификација“ тврдеа дека Чифлиганец ги купил топланите по трипати пониска цена од реалната. Бизнисменот, пак, рече дека одлуката да ги топланите била „исклучиво мотивирана од желбата овој бизнис да биде во домашни раце“, односно овој бизнис да не го преземе странска компанија.

Чифлиганец прифати да ѝ ги даде топланите под закуп на државата, скопјани зимава ќе имаат парно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот