Трамп НАТО самит EPA/Robin van Lonkhuijsen

Администрацијата на Трамп размислува за повлекување на трупите од земјите што не го поддржаа нападот врз Иран

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува начини за казнување на одредени земји-членки на НАТО за кои смета дека не им биле од помош на САД и Израел во војната против Иран, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на неименуван функционер на администрацијата.

Изворот на весникот изјавил дека некои од мерките што се разгледуваат вклучуваат преместување на американските трупи од тие земји во земјите-членки на Алијансата кои повеќе ги поддржуваат воените акции на САД на Блискиот Исток.

Претходно, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, објави дека Трамп ќе разговара за можноста САД да ја напуштат Алијансата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Според неа, двајцата веќе разговарале „отворено“ претходно на оваа тема, и дека Трамп наводно рекол дека „НАТО е тестиран и не го поминал тестот“.

„Тие не го положија тестот затоа што ни го свртеа грбот“, рече таа.

Трамп претходно изјави дека е многу разочаран од НАТО поради конфликтот со Иран, велејќи дека тековната војна оставила трага врз алијансата „која никогаш нема да исчезне“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот