Адеми со два гола го однесе Динамо Загреб во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и неговиот тим Динамо Загреб обезбедија пласман во групната фаза во Лигата на Европа, откако во последното квалификациско коло со 3:1 ја совладаа Флора Талин.

Токму Адеми е најзаслужен за триумфот на хрватскиот тим постигнувајќи два гола во победата која им обезбеди европска есен.

Динамо поведе со голот на Гаврановиќ во 11. минута, а во 26. минута Адеми му носи водство на својот тим од 2:0.
Во второто полувреме, естонскиот тим внесе резултатска неизвесност со голот на Синјавски во 65. минута, но точка на натпреварот и разрешување на дилемите околу победникот стави токму Адеми со својот втор гол.


Пласман во групната фаза во ЛЕ обезбеди и Црвена звезда која во Кипар со 2:1 го совлада ерменскиот Арарат. Катаи и Фачинели им донесоа предност на „црвено-белите“, а тимот на Арарат успеа само преку Лима да го намали резултатот.

Прочитајте и...  Чупиќ ќе го напушти Вардар, потпиша договор со ППД Загреб!?

Поврзани вести

Скендеровски го објави списокот за квалификациските мечеви со БиХ и Романија

Слободен печат

ВИДЕО: Манџукиќ имаше успешни прегледи, наскоро потпис со Милан!

Слободен печат

Не можеше без Кирјос: Повторно нападнат Ѓоковиќ!

Слободен печат

Уште еден македонски репрезентативец пред трансфер во Италија!

Слободен печат

Озил ја продолжува кариерата во Фенербахче

Слободен печат

ВИДЕО: Дончиќ го престигна легендарниот Мајкл Џордан!

Слободен печат

Остави Коментар