Адем Мекиќ се приклучи на подготовките во Гевгелија
Позитивна вест за стручниот стожер на македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија, Адем Мекиќ од петокот му се стави на располагање на селекторот Марјан Илиевски.
Препорачано
Искусното репрезентативно крило ги имаше лекарските прегледи во клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, допатува во Гевгелија, и веднаш „влезе“ во тренажниот процес на „црвено-жолтите“.
– Поради претходно договорените обврски не бев во ситуација да бидам со тимот од првиот ден. Но подготвен сум, знам што се очекува од нас. Прво да ја поминеме оваа главна фаза од подготовките, потоа ќе размислуваме за противниците во претквалификациите. Ќе имаме и две контролни средби тука, против Швајцарија, кои ќе ни бидат еден од показателите до каде сме во пресрет на дуелите со Романија и со Унгарија – рече Мекиќ по пристигнувањето во Гевгелија.
Селекторот Илиевски потврди дека еден од најдобрите македонски кошаркари Ненад Димитријевиќ кој одлучи да го искористи летото за свој одмор и дека дава приоритет за клупската иднина.
Според најавите на 22 или 23 јули во националниот тим треба да пристигне и Андреј Јакимовски.


