„Абсолут водка“ го стопира извозот во Русија

Абсолут вотка/ Фото Joni Hanebutt / Alamy / Alamy / Profimedia

По домашните критики од земјата од која потекнува „Абсолут водка“ нема повеќе да ги извезува своите производи во Русија. Првично, компанијата го прекина извозот во март 2022 година, откако Русија ја започна војната во Украина.

Но, нејзината матична компанија, „Перно Рикар“ потврди дека некои производи повторно се извезуваат.

„Компанијата соопшти дека од ноември минатата година Русија ги променила регулативите за увоз што дозволуваат паралелен увоз на алкохол без дозвола на овластени увозници, со што ги заобиколила санкциите на ЕУ.

Перно Рикар нагласи дека одлуката за обновување на извозот е донесена делумно за да го заштити својот персонал во Русија од „кривична одговорност“ и обвинувања за „намерен банкрот“

Во изминатата недела, многу популарни ресторани и барови во Шведска го отстранија пијалокот од своите полици, а политичарите го осудија неговиот извоз.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека е „многу изненаден“ што компанијата го продолжила извозот.

Пред војната, Pernod Ricard оствари 3 отсто од својот годишен профит на руските пазари, а иако веќе нема да продава Absolut Vodka, ќе продолжи да продава неколку други производи во Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот