Абдул Гани Барадар најверојатно ќе биде претседател на Авганистан

Талибанецот Абдул Гани Барадар/ Фото: EPA-EFE/STRINGER

Абдул Гани Барадар, ко-основач и политички лидер на Талибанците, синоќа пристигна во Авганистан, првпат по повеќе од две децении, пренесува Би-Би-Си.

Портпаролот на Движењето Забихула Муџахид ја одржа првата прес -конференција откако Талибанците го зазедоа Кабул, и соопшти дека Барадар, шефот на политичката канцеларија на Талибанците и еден од главните преговарачи во неуспешните мировни преговори, се вратил во земјата, поточно во Кандахар.

Според голем дел од аналитичарите се очекува токму тој да биде идниот претседател на Авганистан, со оглед на огромната популарност што ја ужива, но и како еден од најблиските соработници и на предводникот на муџахедините мула Омар, кој почина во 2013 година.

Барадар се врати во Авганистан од Катар, каде што со месеци ги водеше преговорите со САД, а потоа и мировните преговори за Авганистан.

Абдул Гани Барадaр: Ко-основачот на Талибанците кој е неоспорен победник во дваесетгодишната војна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот