АБА-2: МЗТ поразен од Задар во мајсторката

МЗТ Скопје не успеа да се врати во елитното друштво на регионалната АБА-лига, откако вечерва ја загуби мајсторката на гостувањето кај Задар со 86-75 (50-40).

Тренерот на МЗТ, Ѓорѓи Кочов на денешниот натпревар не можеше да смета на најдобриот стрелец на тимот, Андрија Бојиќ, па ова може е една од причините за поразот.

Скопскиот тим бркаше негатива целиот меч, имаше и двоцифрена негатива, но во последната четвртина стигна до израмнување (68-68). Серијата од 10-2 на противникот, сепак, беше доволна за Задрани да го заверат билетот за настап во АБА-1 следната сезона.

Иванов и Медфорд постигна по 22 поени за „металците”, додека кај победничкиот тим Жориќ одигра одличен натпревар, откако реализираше 29 поени и 10 скокови.

Тимот од „Јане Сандански” сепак нема загарантирано место во АБА-2 за следната сезона, откако за тоа да се случи, треба да се пласираат во финалето на домашната лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот