АА – крило на Зијадин Села: Дали албанската опозиција се уште мисли дека ВМРО и Мицкоски се реформирани?

Конгрес Алијанса Фото: Слободан Ѓуриќ, Слободен печат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ги потврди сите предупредувања на Европскиот фронт и Алијансата за Албанците, дека подготвува фронт против ЕУ и НАТО, со Левица на Апасиев и ЗНАМ на Димитриевски. За да биде тоа недоволно, Мицкоски денеска го нарече багра мнозинството Албанци во Северна Македонија, велејќи дека нема да дозволи да се формира коалиција со Албанците кои сакаат да ја водат земјата кон ЕУ и Западот. Оваа изјава само докажува дека тој е продолжение на Груевски и Јанкуловска, кои во минатото Албанците ги нарекуваа индијанци и со слични епитети, соопштија од АА – крило на Зијадин Села

Ваквите најави се за осуда, неприфатливи и неостварливи, само доколку не им помогнат сателити кои говорат албански.

„Сега кога се јасни позициите на македонската опозиција, јавно ја прашуваме албанската опозиција и нивниот кандидат за претседател Арбен Таравари, дали се уште мислат дека ВМРО и Мицкоски се реформирани и дали се уште се надеваат дека и по поразот на изборите ќе влезат во Владата како „багра“ на ВМРО. Бараме од Таравари и другите мали опозициски партии да се оградат од ВМРО и коалицијата анти Западот и јавно да ги осудат ваквите изјави“, додадоа од АА – крило на Зијадин Села

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот