Демонстрации против посетата на Помпео на Грција, запалено американското знаме

Група демонстранти за време на посетата на американскиот државен секретар Мајкл Помпео на Грција пред американската амбасада во Атина се судрија со полицијата, која употреби солзавец за да ги растера.

Демонстранти се собраа на плоштадот Синтагма извикувајќи „Американци, убијци на народот“ во знак на протест против измените на одбранбениот договор меѓу двете земји, кој се однесува на американските воени бази во Грција.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пак во својот говор за медиумите рече дека односите меѓу двете земји никогаш не биле посилни и порача дека е уверен дека Грција може да е столб на стабилноста во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот