ВИДЕО | Поранешниот фудбалер на Вардар претставен во Гвангжу

Фото: Screenshot

Поранешниот младински фудбалер на Вардар, Јасир Асани кој стигна и до првиот тим на црвено-црните во минатото направи трансфер во Јужна Кореја во редовите на Гвангжу.

Трансферот на Асани беше потврден уште пред десетина дена, но се чекаше да се решат некои детали околу визата. Во овој јужнокорејски тим Асани пристигнува од Унгарија каде што го носеше дресот на Кишварда.

Во кариерата покрај Вардар и Кишварда Асани настапуваше за Шкупи, Победа, Партизани и АИК Стокхолм. Го носеше дресот и на македонската репрезентација во младинските категории, но подоцна одлучи да настапува за Албанија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот