Алијанса за Албанците: Султанатите завршија, ДУИ не смее да го држи во заложништво Тетовскиот универзитет

Пред неколку дена бевме сведоци на приемот што Министерот Јетон Шаќири го приреди за претседателот на сенатот и в.д. ректорот на Тетовскиот универзитет, и двајцата незаконски назначени на овие функции.

Во информацијата што ја објавивме пред две недели, истакнавме дека веќе година и пол Тетовскиот универзитет е без легален и легитимен ректор, со што грубо се крши законот за образование како и статутот на УТ. Главните одговорни за грубото кршење се поранешниот ректор Вулнет Амети и поранешниот претседател на Сенатот Куштрим Ахмети, кои што сега само ги сменија местата. Првиот, со години го држи во заложништво Тетовскиот универзитет, а вториот како претседател на Сенатот една година не презема никакви мерки за овие прекршувања иако има законска обврска. Јасно е зошто тој молчеше цела една година.

Во овие околности се поставуваат прашања зошто министерот за образование молчи, зошто не потроши ниту една реченица за незаконитостите во УТ, зошто не го ангажира инспекторатот за високо образование да ги констатира овие очигледни прекршувања на законот? Овие постапки на министерот нé наведуваат на заклучок дека тој е дел од овие незаконитости. Прашање е дали тоа го прави сам или под раководство на вицепремиерот Артан Груби?

Дека ДУИ е посветена само на целосно уништување на овој универзитет покажува и вчерашната средба на министерот за образование. Тетовскиот универзитет не е ниту на Али Ахмети, ниту на Артан Груби, ниту на Вулнет Амети, туку тој е универзитет на народот, а особено на студентите.

Средбите на Шаќири, Ахмети и Груби со нелегалното раководство на УТ се само тенденција за амнестија на Вулнет Амети и Куштрим Ахмети. По сите тие објавени скандали за непотизам, криминал и корупција, министерот и заменик-премиерот треба да покренат казнени законски мерки, а не да се фотографираат со нив.

Северна Македонија е земја членка на НАТО, држава која има за цел утре да биде во големото европско семејство. Носителите на државните функции никако не смеат да се фотографираат со луѓе кои се извор на непотизам, криминал и корупција.

Алијанса за Албанците никако не ја поддржува и нема да ја поддржи оваа политика на уништување на Универзитетот на Тетово, и иднината на народот.

Алијанса за Албанците нема да биде пасивен набљудувач на овој хаос што му се случува на универзитетот. Свесни сме дека средбата беше во насока на предвремено унапредување на в.д. ректор во редовен професор, со цел да се продолжи заробувањето на УТ од страна на Вулнет Амети. Но, ова е нелегално. Законот не дозволува такво нешто. Ние како Алијанса за Албанците, нема да дозволиме вакво нешто.

За оваа тенденција, за прикривање на криминалот-корупцијата и непотизмот, за намерата незаконски да се напредува в.д. ректорот во редовен професор, со цел универзитетот уште повеќе да биде заробен од Вулнет Амети, ќе ги алармираме претседателот на државата, амбасадорот на САД, ЕУ и сите европски амбасади во земјата.

Бараме Премиерот Ковачевски и антикорупционерите да преземат итни законски мерки. Вулнет Амети треба да се држи настрана од универзитетот. Султанатите завршија. Оставките на министерот за образование и директорот на инспекторатот за високо образование би биле одраз на висок морален чин.

Досега како Алијанса за Албанците покажуваме конструктивност, и како опозиција гласавме за европскиот напредок на земјата. Борбата против криминалот, корупцијата и непотизмот е наша заедничка борба и заедничка цел заедно со нашите меѓународни партнери. Ова е нашиот услов.

Алијанса за Албанците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот