7 правила за остварување на желбите: Сите оние што го пробале ова, тврдат дека проверено делува!
Ако сакате вашите желби да се остварат, направете го ова…
Езотеричарите веруваат дека нашите желби ќе се остварат доколку правилно ги напишеме. Факт е дека торнадото од желби во нашата глава, Универзумот не може да го сфати и токму затоа не може да ги исполни. Затоа, неопходно е да се фокусираме, да ги разгледаме овие седум правила, да ги запишеме желбите и тие ќе ни бидат исполнети… (барем како што велат тие)
1. Желбата мора да биде напишана …
Читко, јасено, со убав ракопис. Можеби звучи едноставно, но не е така. На пример: Ако напишете „Сакам да имам свој дом“, тоа е желба, но не е јасна. Затоа, треба да бидете попрецизни во изразувањето на вашите желби.
2. Желбата мора да има прецизно време
Многу е важно да го запишете времето кога сакате вашите желби да се остварат. На пример: „Сакам да купам стан во 2021 година”. Пред да напишете желба, размислете внимателно кога сакате таа желба да ви се оствари, а потоа преминете на третото правило:
3. Секогаш пишувајте во прво лице и никогаш не користете негации
На пример: „Не сакам да бидам сиромашен“. Универзумот не го разбира негативното значење, затоа ќе ве направи сиромашни со исполнување на оваа желба. Поправилно е да се напише „Сакам да бидам богат“
4. Забрането е да напишете „не“ во кој било контекст
Кога пишувате желби, внимателно размислете и фокусирајте се на желбите. Опишете ги детално.
5. Напишете ги желбите емотивно, со душа
Ако сакате нов дом, мора да го опишете целосно, почнувајќи од локацијата, влезот, бројот на соби до местото каде што ќе ја ставите омилената вазна, итн.
Многу е важно вашите желби да не им штетат на другите луѓе. Од овој постулат следува правило број 6…
6. Исполнете ја желбата со молитва
Откако ќе ја напишете желбата на парче хартија, молете му се на Бога за да ви се исполни. Молитвата ќе ви помогне да се фокусирате.
7. Никогаш не се потпирајте само на вашите желби
Желбите се една работа, делата се друга. Искажете желба на хартија, но не потпирајте се на тоа дека таа ќе ви се исполни и дека вие не треба да правите ништо повеќе за тоа.