600 тони опасен отпад пронајден во близина на Орман?!

Фотографија: Државен инспекторат за заштита на животна средина

При редовна обиколка на територијата на Општина Ѓорче Петров од oвластен инспектор за животна средина при Општина Ѓорче Петров лоцирано е одлагање згура од преработка на акумулаторски батерии во близина на село Орман, во количина од проценети околу 500 до 600 тони.

Како што е објавено на фејсбук страната на Државниот инспекторат за животна средина отпадот бил лоциран минатата недела.

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Инспекторатот.

Оттаму посочуваат дека според затекнатата состојба на теренот и проценка за ризикот, овластениот инспектор за животна средина по службена должност започнал инспекциска постапка и притоа издал решение со кое им се наредува на сопствениците на земјиштето дислокација на опасниот отпад од катастарските парцели во село Орман на соодветна за тоа локација во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот