60 години од градењето на Берлинскиот ѕид

Берлинскиот ѕид/Фото: Wikimedia Commons

На денешен ден пред 60 години властите на Источна Германија ја затвориле границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Бранденбуршката капија и започнале да го градат 155 километри долгиот ѕид кон границата со Западна Германија, пренесува Дојче Веле. 

Идејата за градењето на ѕидот ја донеле источногерманските власти на Валтер Улбрихт, а била одобрена од страна на советскиот лидер Никита Хрушчов. Ѕидот бил втората долга препрека меѓу Западен Берлин и Демократската Република Германија, која цврсто ја затвори границата меѓу двата дела на Берлин во периодот од 28 години. 

Ѕидот бил изграден со намера да се сопре одливот на работници и на економската рамнотежа што била поврзана со секојдневната миграција на голем број работници помеѓу Источен и Западен Берлин, и бегства што имале политички и економски последици за Истокот Блок. 

По Втората светска војна, Германија била поделена на четири окупирани зони. Берлин се наоѓал во центарот на советската окупирана зона. Тој бил поделен на четири окупирани зони, а советскиот сектор бил најголем. 

Градењето на ѕидот била пропагандна катастрофа за Источна Германија и за целиот источен блок. Тој станал симбол на она што западните сили го сметале за комунистичка тиранија, особено по убиствата на потенцијалните бегалци. 

Многу семејства биле одвоени, многу луѓе од Источен Берлин ги загубиле своите работни места, а Западен Берлин станал изолирана енклава на непријателска територија. 

Ѕидот беше срушен во 1989-та година и неговите делови денеска се продаваат како сувенири. Тој останува во сеќавањата како симбол кога бил поделен на два света. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот