53 случаи на прекршувања на работничките права на текстилните работнички

Во декември Хелсиншкиот комитет регистрираше 53 случаи на прекршувањена работничките права на текстилните работнички и поднесе три барања за вонреден инспекциски надзор во текстилни фабрики за прекршувања на работничките права на текстилните работнички. Во еден од случаите станува збор за неисплатени плати, а во два од случаите станува збор за непреземени превентивни мерки за заштита од КОВИД-19 на работните места.

Хелсиншкиот комитет за сите наведени случаи иницираше постапки за вонреден инспекциски надзор пред Државниот инспекторат за труд. Дополнително, Хелсиншкиот комитет во овој период обезбеди 27 правни советувања на текстилни работнички за остварување на правото на регрес за годишен одмор (К-15).

Текстилните работнички и понатаму остануваат една од најранливите категории граѓани чии работнички права се најподложни на прекршување за време на пандемијата предизвикана од КОВИД-19. Декември е месец во кој се зголемуваат документираните случаи на прекршување на правото за исплата на регрес за годишен одмор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот