5 одлични причини – Еве зошто е добро почесто да имате секс! – Слободен печат
ЕспресоСекс

5 одлични причини – Еве зошто е добро почесто да имате секс!

Сексот е одличен за телото, но одличен е како за менталното здравје така и за општото здравје.

Сексот може да ви го подобри расположението, да го поттикне имунолошкиот систем, па дури и да ве разубави. Ова се само дел од причините зошто е добро почесто да имате секс.

Ве подмладува: Редовниот секс може да ве подмлади дури за седум години, и тоа и од внатре и од надвор. Како физичка активност е добар за одржување на тонусот на мускулите и раздвижување на метаболизмот, а како целокупно искуство го зголемува лачењето на естроген, што ги „пегла“ брчките. Секако, со насмевка на лицето изгледате помлади.

Јаки „пливачи“: Ја подобрува плодноста кај мажите. Тестовите покажале дека квалитетот на спермата опаѓа со апстиненција. Најнизок квалитет на спермата е забележан кај мажи кои немале секс десет дена.

Ве прави попривлечни: Колку поактивен сексуален живот имате, тоа ве прави попривлечни. Со сексот се ослободуваат феромони што ги привлекуваат другите. Да потсетиме, веќе сте попривлечни со тоа што изгледате подобро и подмладено.

Помага при менструални болки: Сексот е природен лек против болка бидејќи помага да се опуштат мускулите и за време на секс се ослободува ендорфин, „хормонот на среќата“.

Го зајакнува имунитетот: Сексот му помага на вашиот имунолошки систем подобро да е бори против настинки и инфекции. Ако имате секс еднаш или два пати неделно, се зголемува лачењето на имуноглобулин во телото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close