3 најголеми заводници според хороскопот

Овие три хороскопски знаци се најопасни кога станува збор за флертот и заведувањето. На нивните вештини за заведување не можете да одолеете… Дали и вие сте меѓу нив?

Близнаци

Имаат интересен пријателски пристап, кој всушност, секогаш ја завршува работата. Близнаците се духовити, шармантни и образувани, заради што можете да поминете неколку часа само зборувајќи. Имаат неодолива харизма со која просто привлекуваат, доста позитивни се и никогаш нема да се чувствувате непријатно со нив, дури и ако завршите веднаш во кревет.

Рак

Полн со чувства, разбирање и љубов, Ракот има бескрајно големо срце во кое може да ги вгнездите сите ваши стравови, падови, успеси и желби. Покрај него ќе имате најдобар пријател на кој ќе може да му откриете било каква тајна. Често пати пријателството прераснува во прекрасна љубов, па размислете за тоа следен пат кога ќе излезете со најдобриот пријател/најдобрата пријателка во овој хороскопски знак. Со Ракот самодовербата ќе ви порасне најмалку два пати, а сексот ќе добие потполно нова, емотивна и страствена димензија.

Лав

Освојуваат суптилно и со голема фантазија. Ќе ви пријдат со голема самодоверба, неодолив шарм и насмевка која ќе ја осветли целата просторија. Лавовите се „градски фаци“ и ги познаваат сите важни луѓе, што значи никогаш нема да ви биде здодевно. Со нив ќе имате кралски третман, а дополнителни поени заслужуваат заради пристојните и често заборавени манири. Припадниците на овој знак не сакаат кога губат и затоа секогаш одат на сигурна победа. Заведувањето за нив е повеќе од гимнастика, тие уживаат во секој чекор, а посебно се заинтересирани кога треба дополнително да се потрудат. Лавовите се страствени љубовници, па бидете сигурни дека авантурата со нив ќе биде комплетна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот