2МФЛ: Воска Спорт има „три од три“, Вардар освои само бод во Радовиш

Воска Спорт има одличен старт во новата сезона од 2МФЛ/Фото: facebook.com/FC-Voska-Sport

Денеска во рамките од третото коло во Втората македонска фудбалска лига (2МФЛ) екипата на Вардар ремизираше на гостувањето кај Детонит Плачковица со 1:1. Иако скопските „црвено-црни“ ја имаа фаворитската улога, но истата не ја оправдаа на теренот во Радовиш.

Пред паузата Вардарци дојдоа први до предност, Николовски беше фаулиран во казнетиот простор, а сигурен од белата точка беше капитенот Мицевски. Израмнувањето се случи во 70 минута, грешката на дефанзивецот на Вардар Ристески ја казни домашниот играч Ѓорѓиев.

Пелистер ја забележа и втората победа сезонава остварена на гостувањето кај Арсими, стрелец на единствениот гол за битолчани беше Дуков во 62 минута.

Екипата на Воска Спорт ја забележа и третата победа во низа, убедливо славеше кај Саса со 0:4. Сите дилеми околу победникот беа решени уште во првото полувреме кога гостите водеа со 0:3. Два гола запиша Јашароски, а по еден Фета и Љума.

Втора македонска фудбалска лига

3. коло, резултати –

Арсими – Пелистер 0:1
Беса 1976 – Гостивар 1:1
Борец – Тетекс 2:4
Детонит Плачковица – Вардар 1:1
Караорман – Беласица 3:1
Лок. Скопје – Слога Виница 0:0
Охрид – Кожуф Гевгелија 0:0
Саса – Воска Спорт 0:4

Табела:

1.Воска Спорт 9 бодови
2.Детонит Плачковица 7
3.Пелистер 7
4.Вардар 7

5.Гостивар 7
6.Слога Виница 5
7.Беса 1976 5
8.Караорман 4
9.Охрид 4
10.Беласица 3
11.Тетекс 3
12.Арсими 3
13.Кожуф Гевгелија 1
14.Лок. Скопје 1

15.Саса 0
16.Борец 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот