2МФЛ: Охрид ѝ даде десет гола на Победа
Денешните дуели 19. коло во Втора македонска фудбалска лига минаа без поголеми изненадувања, а фаворитите ја оправдаа својата улога и стигнаа до очекувани победи.
Препорачано
Најубедлив триумф забележа Охрид, кој на свој терен убедливо ја совлада Победа Прилеп со дури 10:0. За охриѓани оваа победа дојде како одговор по неочекуваниот пораз во претходното коло, кога беа совладани од Осогово. Од друга страна, прилепскиот тим продолжува да се соочува проблеми и го запиша петтиот последователен пораз.
До важна победа стигна и Скопје, кој на домашен терен го совлада Осогово со 2:0 и се искачи на втората позиција на табелата, прескокнувајќи ја Шкендија Арачиново. Сепак, тимот од Арачиново има натпревар помалку и утре ќе биде фаворит во дуелот против Големо Коњари.
Победа забележа и Брегалница Штип, која на гостински терен беше подобра од Новаци со 3:0 и останува во горниот дел од табелата.
РЕЗУЛТАТИ 19. КОЛО ВМФЛ
Детонит Плачковица – Беласица 0-1
Скопје – Осогово 2-0
Каменица Саса – Вардар Неготино 1-0
Новаци – Брегалница 0-3
Охрид – Победа 10-0
Преспа – Кожуф 1-3
Слога Виница – Тетекс 0-3


