294 сообраќајни прекршоци во Скопје, 141 санкција за прекршоци што ги прават пешаците

На територија на град Скопје изречени се вкупно 294 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 96 санкции./Инфографик: Елисавета Бејкова

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 294 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 96 санкции, 141 мерка за прекршоци што ги прават пешаците, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење мобилен телефон, 37 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Во еден ден казнети 953 возачи за брзо возење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот