29-годишен скопјанец приведен за издржување затворска казна

Полиција / Фото: МВР

Полициски службеници од Единица за внатрешни работи Кисела Вода – Отсек потраги, вчера во 14:00 часот, на пат за село Орман, скопско, го лишија од слобода К.П.(29) од Скопје.

Како што информираат од МВР, по него била распишана централна потерница, врз основа на судска наредба од Основен суд – Скопје 1 за издржување на казна затвор за извршено кривично дело „тешка кражба” по чл.236 од Кривичниот законик.

К.П. е предаден во Полициска станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот