20 години подоцна: Лила Филиповска повторно го запеа својот хит, а погледнете кој пејач и прави друштво! (ВИДЕО)
За тие што не знаат, нашата позната водителка Лила Филиповска пред 20 години имаше кратка музичка кариера.
Препорачано
Таа имаше неколку нумери, а една од нив беше: „Ти верував до крај“, песна за која лично таа го напиша текстот.
Токму оваа песна Филиповска ја испеа повторно, но овој пат друштво и правеше младиот и талентиран пејач Филип Пешевски.
И Лила и Филип на своите социјални мрежи го споделија видеото каде ја изведуваат оваа песна, а водителката напиша дека во иднина нејзините обожаватели ќе слушнат и нешто ново…
– 20 години подоцна… Ти благодарам Филип што ме потсети на едно дамнешно, но преубаво време… „Ти верував до крај “ е песна што ја напиша Роберт Саздов а текстот е мој и искрено секогаш ми буди убави емоции, а се надевам и на вас драги другари. Како и да е, наскоро нешто ново од нас…
Погледнете го видеото од нивната изведба:


