2.000 евра казни за момче и девојка од Битола

Двајцата обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење донесена од Владата.

Осумнаесетгодишно момче и 33-годишна девојка, двајцата од Битола, од Oсновното јавно обвинителство (ОЈО ) од Битола се обвинети за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

ОЈО тврди дека сега обвинетите не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразна болест предизвикана од коронавирусот COVID-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење донесена од Владата.

Првообвинетиот, на 26 март, во 1.25 часот со патничко возило „рено 19“ без регистарски таблици се движел по улицата „8 Септември“.

Второобвинета пак истиот ден, но само 30 минути после полноќ била затекната како лежи во алкохолизирана состојба на улицата „Прилепска“.

За секој од двајцата обвинети Основното јавно обвинителство му предага на Основниот суд во градот да им изрече парична казна од 100 дневни глоби. ОЈО предгла една дневна глоба да биде 20 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот