1МФЛ: Европско лето за Академија Пандев по триумфот над Работнички

ФК Академија Пандев /Фото: facebook.com/fkakademijapandev

Во претпоследното коло од Првата македонска лига составот на Академија Пандев триумфираше во Струмица над Работнички со 2:1.

На тој начин играчите предводени од тренерот Ѓорче Стојчев обезбедија место во квалификациите за Лигата на конференции.

„Пандевци“ на својот стадион „Младост“ водеа по првото полувреме со голот на Маронг во 33 и Велиновски во 44 минута.

„Романтичарите“ успеаја во вториот дел само да го ублажат поразот во 50 минута кога стрелаше Станковски. Брегалница славеше минимално со 1:0 против Тиквеш, а единствениот погодок за штипјани беше дело на Ѓокиќ во 42 минута.

Македонија ЃП дома загуби од Струга Трим Лум со 1:3, стружани стекнаа предност уште во деветтата минута со голот на Босанчиќ.

Истиот играч ја зголеми предност во 21 минута, следуваше уште еден гол на гостите во 56 минута, овојпат стрелец беше Шабани. А пет минути подоцна ѓорчепетровци го реализираа единствениот гол на мечот преку Воша.

Пелистер по подолг период дојде до нова победа, битолчани водеа со головите на Здравевски и Љамчевски, а велешани само намалија преку Николовски.

Ренова беше подобра од Скопје (2:0), а бодовите ги обезбедија Борја во 64 и Јусуфи во 85 минута.

Табела: Шкупи 72 бодови, Академија Пандев 64, Шкендија 59, Македонија ЃП 57, Струга Трим Лум 46, Ренова 45, Брегалница Штип 45, Работнички 40, Скопје 32, Тиквеш 31, Борец 21, Пелистер 14.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот