ФОТО+ВИДЕО | Браќата Галагер прегрнати на сцената: Емотивното враќање на „Оејзис“ по 16 години!
Лијам и Ноел Галагер конечно повторно заедно се појавија на сцена на стадионот „Принсипалити“ во Кардиф, а првата вечер од долгоочекуваната повратничка турнеја на групата „Оејзис“ ги доведе до солзи не само обожавателите, туку и самите браќа.
Препорачано
Повеќе од 75.000 луѓе беа сведоци на историски музички момент, кога Ноел и Лијам за првпат по 16 години застанаа заедно на бината.
Некаде некогаш во жесток конфликт, браќата Галагер покажаа дека долгогодишните недоразбирања се зад нив – рака под рака излегоа на сцена и го отворија концертот.
It has begun pic.twitter.com/JVrsNJ7SJB
— Oasis (@oasis) July 4, 2025
За време на настапот, ја воодушевија публиката со низа од своите најголеми хитови, вклучувајќи ги „Some Might Say“, „Morning Glory“, и, секако, „Wonderwall“.
Десетици илјади обожаватели се собраа на преполниот стадион, а вечерта беше исполнета со емоции од првиот до последниот момент.
Концертот беше толку популарен, што дури и оние кои не успеале да набават билети, се собраа пред стадионот во главниот град на Велс, во обид да го чујат долгоочекуваното враќање на својот омилен бенд.
NIGHT ONE
Cardiff 🏴
04.07.25#OasisLive25 pic.twitter.com/MKCwdBvH8a— Oasis (@oasis) July 4, 2025
Епското отворање на турнејата навистина изгледаше како нешто вредно да се чека цели 16 години, а фановите не штедеа пофалби за „Оејзис“ на социјалните мрежи.
Концертот започна со емотивен гест – Лијам и Ноел излегоа прегрнати, испраќајќи силна порака на единство, додека гордо гледаа во публиката која ги дочека со громогласен аплауз.
Врвот на вечерта беше моментот кога публиката ги препозна првите акорди од „Wonderwall“, а како се приближуваше крајот, браќата Галагер сè повеќе се отвораа емотивно кон своите фанови.
„Ви благодариме што не трпевте сите овие години. Тешки сме, го знаеме тоа“, рече Ноел на крајот од концертот, збогувајќи се со публиката.
— Oasis (@oasis) July 4, 2025


