фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

14-годишен Палестинец убиен од израелски оган на Западниот Брег

Четиринаесетгодишно палестинско момче беше убиено од израелски војници на окупираниот Западен Брег, објави Министерството за здравство на Палестинската самоуправа и локалните медиуми.

Инцидентот се случил во село северно од Рамала.

Израелската армија објави преку Икс дека „неутрализирала терорист“ кој „се обидел да фрли камења“ на патот и „две шишиња со опасна супстанција“ врз членовите на Единицата 636.

Не даде никакви детали за идентитетот или возраста на „терористот“.

Насилството на Западниот Брег, кое веќе беше на алармантно високо ниво, експлодираше по избувнувањето на војната во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.

Оттогаш, најмалку 928 Палестинци, цивили и членови на вооружени движења, се убиени во операции на израелската армија, напади на екстремистички доселеници или други насилни инциденти, според Министерството за здравство на Палестинската самоуправа.

Во исто време, според официјалните израелски податоци, најмалку 33 Израелци, цивили и војници, се убиени во палестински напади или за време на напади од страна на израелската армија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот