10-те најдобри креации на Мет Гала: Ким Кардашијан го облече фамозниот фустан на Мерилин Монро

Фото: EPA/JUSTIN LANE

Се одржи овогодишната Мет Гала со модната тема The Gilded Glamour, односно во слободен превод „Позлатениот гламур“.

Како и претходните, така и оваа година црвениот тепих на Метрополитен музејот на уметност во Њујорк беше преплавен со прекрасни фустани кои тешко може да се видат на друго место.

Темата „Позлатениот гламур“ најмногу се однесуваше на периодот во американската историја наречен Gilded Age, односно во слободен превод „Позлатени години“. Станува збор за периодот помеѓу 1870 и 1890 година, кога економијата растеше најбрзо во историјата на САД.

Оваа година на Мет Гала преовладуваа винтиџ фустаните, а најмногу внимание украде оној во кој се појави Ким Кардашијан. Станува збор за фустан кој Мерилин Монро го носела во 1962 година кога му пееше серенада на претседателот Џон Кенеди по повод неговиот роденден.

Модните критичари велат дека ова се најдобрите креации кои се појавија од овогодинешната Мет Гала.

Погледнете ја галеријата:

Ким Кардашијан во винтиџ Џин Луис/Фото: EPA/JUSTIN LANE
Кендал Џенер во Прада/Фото: EPA/JUSTIN LANE
Ема Стоун во Луис Витон/Фото: EPA/JUSTIN LANE
Дакота Џонсон во Гучи/Фото: EPA/JUSTIN LANE
Сара Џесика Паркер во Кристофер Џон Роџерс/Фото: EPA/JUSTIN LANE
Блејк Лајвли во Версаче/Фото: EPA/JUSTIN LANE
Хајли Бибер во Сент Лорен/Фото: EPA/JUSTIN LANE
Адут Акеч во Кристијан Лакроа/Фото: EPA/JUSTIN LANE
Бела Хадид во Барбери/Фото: EPA/JUSTIN LANE
Росалија во Живенжи/Фото: EPA/JUSTIN LANE

ФОТО | Најлудите модни креации кои ја одбележаа овогодинешната Мет Гала

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот