МАПАС: Издадена е дозвола за трето пензинско друштво

Пензионери/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека на ден 20.03.2019 година издаде дозвола број 03 за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија.

Заедно со дозволата Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС издаде и условни одобренија број 03-01 за управување со задолжителен пензиски фонд и број 03-02 за управување со доброволен пензиски фонд на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија.

Овие одобренија се условни до основање на друштвото и упис на пензиското друштво во Централен регистер на Република Северна Македонија.

Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот