Зошто Трамп никој не може да го запре, што и да направи

Веќе извесен период американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓа во средиштето на нов скандал. Оваа реченица звучи навистина познато и речиси секој текст напишан за Трамп од победата на изборите може да се започне со неа. Меѓутоа, овие денови полека излегува на површина како Доналд (наводно и можеби) ги уценувал Украинците со задржување на стотици милиони долари на помош, доколку не прифатат да го страшуваат Џозеф Р. Бајден јуниор. Самиот американски претседател призна дека Бајден бил тема на разговорите со украинскиот колега, објави „Експрес.хр“.

Наводниот дел со уцената се случи откако Владимир Зеленски рече дека ќе го истражува Бајден, но само по украинските закони и за можните обвинувања за корпуција во Украина. Трамп подоцна велеше дека треба да се забави ситуацијата, а можеби дури и ќе задржи околу 250 милиони долари воена помош ветена за Украинците. Теоријата вели дека задржувањето на помошта всушност би била поради тоа што Зеленски го одбил неговиот предлог.

Со денови американските медиуми пишуваа за жалбите на анонимниот американски свиркач кој се обидуваше да ја натера Белата куќа за зборува за овој скандал. Американските парламентарци од долниот, Претставнички дом, исто така сакаат да дознаат за што станува збор, а Белата куќа упорно молчи и сега повторно започнуваат нови напори за отповикување на американскиот претседател.

Американскиот разузнавач кој ја поднесе жалбата, според објавата на „Њујорк тајмс“, кажа дека е загрижен за начинот на кој Белата куќа ги третирала транскриптите од разговорот на Трамп и Зеленски на 25. јули. Белата куќа го објави груб транскрипт од разговорот, посочувајќи дека не е директен препис.

Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, досега зборуваше дека не треба да се брза со постапката за отповикување (импичмент), затоа што е свесна дека нема шанси горниот дом, Сенатот, дека ќе го поддржи овој потфат, сè додека е под контрола на Републиканците.

Сега и таа сфати дека „ѓаволот ја однесе шегата“ и упати јасно барање до Белата куќа: „кажете што точно свиркачот напиша до четврток или ризикувајте сериозна ексалација на односите“. Токму поради законот за молчење во Белата куќа, многу од работите не се јасни. Не е јасно како точно Трамп извршил притисок врз Украина, што сакал тие да направат, а и самиот Трамп рече: „Разговорот во најголем дел беше конституиран од честитки, а за корупцијата зборувавме дека не сакаме потпретседателот Бајден и неговиот син да донесат уште корупција во Украина“.

Поборниците за отповикување на Трамп велат дека се пропуштени веќе неколку можности за отстранување на претседателот од Белата куќа, а факт е дека ниту јавноста, ниту Републиканците не сметаат дека тоа треба да се случи. А Републиканците се клуч на сите работи, сметаат од „Експрес“.

Накратко, отповикување на претседателот е неверојатно комплексен процес кој мора да мине низ двата дома на американскиот пармалент, одборот за правосудство, тајната седница на Сенатот и многу други пречки. Правно гледано, отповикувањето (импичментот) е формално обвинување дека некој американски функционер не ги почитувал правилата на функцијата која ја врши и никако не значи дека функционерот прекршил било каков американски закон. Самиот процес започнува кога Претставничкиот, долен, дом на американскиот парламент ќе ги разгледа доказите на независен истражувач.

Истрагата може да ја започне Министерството за правда, самиот парламент или специјална комисија. Доказите во текот на истрагата претставуваат темел за подоцнежното обвинение кои го предаваат на парламентарната комисија за правда. Комисијата ги разгледува доказите и започнува да составува Написи за отповикување, службено име на предлогот за отповикување.

Долниот дом на американскиот парламент потоа расправа за собраните докази и за барањето за отповикување, и ако мнозинството од 435 пратеници ги поддржат заклучоците, доказите и обвинението се испраќаат во Сенатот. Таму започнува вистинскиот процес на отповикување. Обвинетиот, во овој случај претседателот Трамп, би имал право на одбрана. Парламентарниот одбор за правосудство во тој случај би играл улога на обвинител, а шефот на највисокиот американски суд би претседавал со судењето. По расправите затворени за јавноста и јавното гласање на сенаторите, доколку две третини од пратениците го поддржуваат обвинението, претседателот ќе биде отповикан од својата должност.

Сите експерти со полно право предупредуваат дека би требало да се случи чудо за Трамп да биде отповикан од должноста. Само четири пати Конгресот сериозно расправал за отповикување на некој претседател. Ендрју Џонсон ја наследил претседателската должност по атентатот на Абрахам Линколн и на пратениците не им се допаѓало како тој се однесувал кон ветераните на Граѓанската војна и процедурата стигнала во Сенатот. Но, не се постигнати доволен број на гласови и Џонсон останал на должност.

Во Долниот дом се водела расправа и за отповикување на Џон Тајлер, но на крајот ниту тоа не се случило.

Два значително посвежи примери се Ричард Никсон и Бил Клинтон. Никсон се соочувал со отповикување поради аферата „Вотергејт“ и се претпоставува дека навистина би бил отповикан, но тој поднел отставка пред да дојде до расправата во Сенатот. Клинтон бил обвинет за лажење под заклетва за време на истрагата на неговата афера со Моника Левински, но и тој е ослободен од сите обвиненија во Сенатот.

Секако, ниту сите Демократи не беа претерано „загреани“ за активирање на „тешката артилерија“, но сега и тоа се менува. Претседателот на Одборот за разузнавачки служби Адам Шиф во неделата кажа: „Без волја би се одлучил за започнување на процесот на отповикување, но доколку претседателот ја задржал воената помош и истовремено се обидувал да го убеди лидер на странска држава да направи нешто незаконско како што е извлекување на „валкан долен веш“ на противкандидатот за време на претседателска кампања, тогаш отповикувањето можеби останува единствен лек за тоа однесување“.

Највнимателни се Демократите од изборните едниници во кои Трамп победи или загуби со мала разлика. Доколку тие се свртат против Трамп, дали гласачите на Трамп ќе се свртат против нив? Пресметките се нејасни, а до изборите има време. Новата драма од Вашингтон би можела лесно да стане фуснота на драматичниот прв, но можеби не и еднинствен мандат на Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот