Зошто Никол Кидман и УДИРАЛА ШЛАКАНИЦИ на својата мајка? (ВИДЕО)

Мајките би направиле се за своите деца, а во случајот на мајката на Никол Кидман тоа подразбирало нејзината ќерка да и удира шлаканици за што подобро да се подготви за сцената која ја снимаше во серијата „Big Little Lies”.

Пред емитувањето на финалната сезона на оваа серија, Кидман се присетила на сцената во која и удрила шлаканица на Мерил Стрип, која ја глуми нејзината свекрва Мери Луис.

Еден водител ја прашал дали актерите учат да удираат шлаканици во училиштето за глума?

„Всушност да. Бев загрижена во врска со таа сцена, па вежбав на мојата мајка“, изјави оскаровката и додаде дека тоа бил „лажен шамар“ и дека нејзината мајка се согласила да биде „мета“ на оваа вежба.

„Она стои, а друга личност надгледува за да види дали тоа делува реалистично. Мојата мајка се согласи на тоа, па на крајот тоа почнавме да го правиме пред повеќе луѓе“, истакна актерката.

И покрај тешкото вежбање, сцената во која таа всушност треба да ја удри постарата колешка била повторувана околу 30 пати.

„Се беше совршено испланирано, но се грижев да не погрешам и навистина да ја удрам Мерил преку лицето“, откри Никол Кидман.

Ова е сцената во која е изведена драматичната шлаканица:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот