Зошто никогаш не треба да ги разладувате кучињата со студена вода за време на летните денови
Високите температури во лето не се идеални за долги прошетки со вашето куче и ако мислевте дека прскањето со студена вода може да му помогне да се разлади, за жал тоа не е најдобрата опција.
Препорачано
Кучињата не се потат како луѓето, а нивното крзно не е баш „дизајнирано“ за лето. Сепак, постојат начини да им помогнете да се разладатт за време на високи температури.
Како што пренесува „Мирор“, еден сопственик на Лабрадор споделил совети како да се грижи за домашните миленици во текот на летото. Тој истакнува дека никогаш не треба да го прскате вашето куче со студена вода за да се разлади.
Имено, тоа би предизвикало затворање на капиларите под нивната кожа и би настанал спротивен ефект, односно кучето уште повеќе би ја задржувало топлината.
Наместо тоа, разладувањето во базенот е поефикасно бидејќи кучињата ја регулираат својата температура со шепите и устата. Исто така, на сопствениците на кучиња им се препорачува да ги шетаат своите кучиња пред 7 часот и по 22 часот, бидејќи тогаш температурите се пониски.
Ако вашето куче останува во домот, можете да користите и клима, но ако повремено останува во дворот, подобро е да избегнувате да ја вклучувате климата додека е во близина бидејќи не треба да чувствува голема разлика во температурата.
Конечно, важно е милениците секогаш да имаат доволно свежа вода за пиење и место под сенка во текот на летото, а на сопствениците им се препорачува секојдневно да ги четкаат за да го отстранат вишокот влакна.


