Зошто никогаш не привлекувате добри мажи? Ние ќе ви ја кажеме вистината!

Најголемиот проблем во модерните врски е еднаквоста. Сакаме сe да биде фер и праведно. Кога се караме, попрво би одбрале да бидеме во право отколку да бидеме среќни. Никој не сака да се жртвува. Токму затоа повеќето врски завршуваат поради некои ситни расправии и несогласувања, само затоа што ниту еден од партнерите не сакал да попушти.

Безусловна љубов е кога можете да бидете, да се чувствувате и да размислувате на свој начин, а партнерот иако можеби не се согласува со вас, ќе ве сака и ќе прифати компромис. Доколку сакате да ја пронајдете оваа љубов, можеби треба го промените вашиот начин на однесување. Досега сте привлекувале само лоши момци и цврсто стоите на ставот дека сите мажи се исти. Но, проблемот можеби лежи во вас самите. Ова се 3-те главни причини зошто постојано започнувате врска со погрешни луѓе…

1. Се однесувате како да не ви треба маж

Престанете да инсистирате вие да платите или да ја поделите сметката. Не го спречувајте партнерот доколку сака да ви ја отвори вратата. На тој начин му давате до знаење дека не ви треба, а ниту еден маж не сака да се чувствува бескорисно.

2. Премногу работите

Веќе одамна не ви се јавиле чувства за никого, бидејќи сте биле презафатени со работа. Тоа може да биде голем проблем. Обидете се да откриете што е тоа што прави да се чувствувате убаво, а што не. Најдете време за себе, животот не е само работа.

3. Не знаете како да прифатите љубов

Доколку сакате само да давате и да ја одржувате еднаквоста во врската, нема да можете да направите место за нов партнер во вашиот живот. Мажите се вљубуваат кога даваат и кога се чувствуваат корисно. Покажете му на потенцијалниот партнер дека ви треба, побарајте помош. Научете да прифаќате конкретни работи, како што се вечери, цвеќиња и подароци, но да возвраќате на апстрактен начин со зборовите „Благодарам“. Не е воопшто тешко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот