Зошто Јапонија не ги откажува Игрите, на пет дена до стартот има се повеќе проблеми

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Членот на дрим-тимот, Бредли Бил ќе ги пропушти Игрите во Токио бидејќи се наоѓа во карантин поради контакт со заразено лице. Пред стартот на Игрите коронавирус се појави и кај спортистите од Уганда кој веќе се наоѓаат во Јапонија. Рагби репрезентацијата на Јужна Африка се наоѓа во строг карантин бидејќи еден патник во авионот со кој патувале за Токио бил позитивен на коронавирирус, а во изолација поради слични причини е и женската рагби репрезентација на Русија, пишува Би-Би-Си на српски јазик.

Дали Олимписките игри повторно треба да се одложат, прашува Би-Би-Си на српски јазик.
На неколку дена пред свеченото отворање на Олимписките игри (23. јули – 8. август) се појавија првите случаи на коронавирус во олимпиското село во Токио каде се сместени сите спортисти кое ќе учествуват на Игрите, а во главниот град на Јапонија е прогласена вонредна состојба.

Претседателот на организацискиот одбор на Игрите, Тоширо Муто објави дека во олимпиското село е заразен странец кој учествувал во подготовка на манифестацијата. Олимпискиот тим на Австралија остана без двајца спортисти, кошаркарката Лиз Кембриџ и тенисерот Алекс де Минор, а постои и информација дека позитивен на коронавирус е и еден пливач чие име сè уште не објавено.

Кошаркарката Лиз Кембриџ објави дека се повлекува од олимпискиот тим притоа истакнувајќи дека е загрижена за менталното здравје и дека стравува од одење во изолација, односно меурот.

 

„Податокот дека моето семејство, пријателите и навивачите нема да бидат во Токио и да даадт поддршка е застрашувачки“, вели Кембриџ кој додаде дека сака „ментално и физички“ да се грижи за себе.
– Не е тајна дека во минатото се борев со менталното здравје, а неодамна се загрижив поради одењето на Олимписките игри. Последниот месец имав панични напади, не спиев и не јадев – додава Кембриџ која не сака да се потпре на лековите кое секојдневно ги пие поради контрола на анкциозноста.

Австралискиот олимписки комитет одржа итен состанок бидејќи во случајот со пливачот има поинакви правила: доколку еден член на тимот е болен, не е доволно да се тестира остатокот од тимот како што е правило во тенисот. Тука во предвид се земаат и други фактори, а на целата пливачка репрезентација и се заканува дури и суспензија .

И Британците загубија главен адут во тенисот, Дан Еванс се откажа од настапот во Токио поради позитивен тест.

Други случаи:
– Игрите ќе ги пропушти кошаркарскиот репрезентативец на САД, Бредли Бил кој се наоѓа во изолација поради контакт со заразена личност.
– Коронавирус е регистриран и кај спортистите од Уганда кои во Јапонија пристигнаа порано.
– Рагби тимот на Јужна Африка се наоѓа во строг карантин бидејќи еден патник во авионот со кој патувале, бил позитивен на коронавирус.
– Женската рагби репрезентација на Русија се наоѓа во изолација поради слични причини.
– Осум члена на кениската делегација се во карантин поради можен контакт со заразено лице за време на летот до Токио.
– Во хотелот каде имаше повеќе од 30 бразилски олимпијци, седум вработени лица се позитивни на Ковид-19 и сега виси настапот на бразилските џудисти на Игрите.
– Според податоците на јапонските власти, од 1 јули се регистрирани 30 случаи на позитивни на коронавирус меѓу спортистите и членовите на делегациите.

Според правилата, сите делегации во Јапонија мора да пристигнат порано за да имаат време 14 дена да поминат во карантин.
Меѓутоа, многумина дознаа дека летале во ист авион со заразени лица, па за нив двонеделната изолација започна по известувањето.
Некои спортисти се плашат дека нема да имаат доволно време да излезат од карантин пред стартот на натпреварите.
На пример, кошаркарскиот турнир започнува на 25 јули, а машката репрезентација на САД моменто има двајца во изолација иако не се ниту заразени ниту болни.

Граѓаните против јапонските власти и ИОК

Социјалните мрежи се полни со гневни објави на Јапонците против нивната влада и посебно протов Меѓунариодниот олимписки комитет (ИОК).
Многумина веруваат дека членовите на ОИК од корист ги изложуваат луѓето на здравствени ризици, а Јапонците се принудени да го сносат финансискиот терет во овие тешки времиња.


Според анкетата на еден од главните јапонски весници „Асахи Шинбун“ 43 проценти од испитаниците рекоа дека не сакаат Игрите да бидат одржани во Јапонија, а 40 проценти сакаат тие да се одложат за уште една година. Анкетата на новинскаат аагенција Кјодо покажа уште поголем број незадоволни од Олимписките игри. Само 14 проценти од јапонската популација е за одржување на Игрите, а рејтингот на премиерот Јошихиде Суга вртоглаво паѓа и експертите предвидуваат победа на опозицијата на октомвриските избори за долниот дом на парламентот.

Азиски сендвич

Зошто Премиерот Суга отворено ја ризикува сопствената политичка иднина?
„Некаде во декември минатата година стана јасно дека нема враќањее. Пандемијата ја губеше битката од огромните вложувања кои за цел имаа задоволување на геополитриката“,  вели за Би-Би-Си извор близок до градските власти во Токио.
Според истиот избор кој бараше да остане анонимен, Јапонија се најде во „сендвич на азиската геополитика“.
За да се разбере подобро ова, потребно е да се вратиме три години порано кога домаќин на Зимските Олимписките игри во 2018 година беше Јужна Кореја.
Тогаш Сеул успеа да им удоволи на соседите со кои се наоѓа во „вечна војна“ по што претседателот Мун Џе Ин остана во сеќавање како миротворец, макар и на краток период.

Откажувањето на Игрите би ја оставила Јапонија на маргините на азиската дипломатија. Според официјалните податоци, 15.4 милијарди долари од државниот буџет на Јапонија се потрошени за Игрите во Токио, иако ревизорите сметаат дека бројката е многу поголема, а дополнителни три милијарди долари вложија приватни инвеститори.
Поранешната јапонска олимписка лизгачка Сеико Хашимото која е пратеничка во парламентот, вели дека притисокот од странство е преголем.

Од каде на ИОК толкава моќ да одлучува наместо нас? Се чини дека се закануваат со големи финансиски казни доколку не се одржат Игрите, но зравствените последици по Јапонија може да не чинат многу повеќе – изјави Масајиши Сон, претседател на СофтБанка.

Закана со дисквалификација

EPA-EFE/Tamas Kovacs

Бидејќи ќе се одржат ЛОИ во Токио треба да се потсетиме на правила и ограничувањата кои јапонските власти многу пати ги менуваат и веројатно и понатаму ќе ги менуваат.
Конткретно една од најновите проимени се однесува на гледачите на трибините. Првично беше планирано да има највеќе 10.000 гледачи на спортските борилишта, но на 8 јули, Олимпискиот комитет на Јапонија одлучи да нема гледачи на натпреварувањата.
Истото важи и за свечените церемонии на отворање и затворање на Игрите, додека на стадионот ќе има ограничен број на ВИП гости.

Претседателот на ИОК, Томас Бах на 16 јули побара од јапонскиот премиер да ја разгледа можноста да има гледачи на трибините, но одговорот беше дека на ИОК не му се дадени никакви ветувања во врска со тоа.
Вонредната состојба во Токио е пролжена до 22 август, а тоа значи дека олимписките делегации ќе имаат ограничен избор на забава, додека спортистите ќе бидат тестирирани секој ден и не е дозволен контакт надвор од сопствената делегација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот